вторник, октомври 10, 2006

Видео: Йовано, Йованке

Странно....



Комерсиално, смешно и исторически неверна визия...



С ентусиазъм...



И изглежда пак първите, ама не съм много сигурен..



И още едно видео, което не знам как да вкарам тука, така че кликайте на линка и го гледайте на другия сайт

http://www.bulgariancds.com/c/sl-e/p-l/sid-1598/t-wmv/nikolina-chakyrdykova-jovano-jovanke.html

Ако не сте с Интернет Експлорър като мене, ще ви излезне егати якото съобщение:

"Vashiat brauzyr ne e Internet Explorer za Windows po tazi prichina mostrata shte byde vyzproizvedena ot vynshen multimedien pleyr, naprimer WinAmp."
Обичам ви, момчета..

И Влатко Стефановски - не е Йовано Йованке, ама пак е яко парче..

неделя, октомври 08, 2006

в-к Вест: Фатален секс с битолчанки

Балада за сексуалния живот в западната съседка...
(за който не разбира македонски, мързи ме да превеждам)

ЉУБОВНИ ИГРИ И ПРЕДИГРИ КАЈ ХЕРАКЛЕА ВО БОТИЛА

Фатален секс со битолчанки
"Погодил салам мајсторка. Го обработила до смрт", коментираат битолчани за смртта на 68-годишниот доктор хоемопат Фаршид Мавадат кој пред три дена беше најден мртво во автомобил кај Сива вода близу Хераклеа, омиленото место на битолските швалери

Настанот што се случи пред неколку дена во ,,Сива вода" во во близина на Хераклеа секој со своја верзија го прераскажува во битолските кулоари. Коментарите се најразлични, од негирање, па се до одобрување, од гнасење, па се до восхит. За слатката смрт на докторот, по потекло иранец, но државјанин на Австрија Фаршид Мавадат некои велат дека подобра смрт и не можел да избере - на 68 години умерел во прегратките на двојно помлада медицинска сестра од Битола, во мигови на страст и сласт. Други пак се згрозени и настанот кој деновиве е главна тема во битолската чаршија малициозно го коментираат. "Погодил салам мајсторка. Го обработила до смрт" или "наместо да ја оправа Болницата, тој ја оправал сестрата".
,,Сива вода" е најомиленото место за тајни љубовни средби на битолчани. Тука катадневнодневно и секоја ноќ започнуваат и завршуваат илјадници воздишки, љубовни игри и предигри, започнуваат и завршуваат голем број љубовни врски и авантури. Надвор од градската врева и бучава, но не и од минувачи, месноста ,,Сива вода" заљубените двојки ја одбраа како поскришна, неосветлена и побезбедна локација за секс авантура, веројатно поради близината на Античкиот локалитет во кој има чуварска служба, а во доцните часови е посетуван и од патролни полициски служби. Во вечерните часови на неколкуте ширинки и патчиња во месноста се бара секс-плац повеќе. Велат, се случувало да дојде и до расправии за место поради лошо паркирање, а не ретко се причекувало да се испразни место. На шега, еден повозрасен битолчанец, кој исто така редовно го користел ова место за тајни љубовни сеанси, вели дека многупати досега бил доведен во таква ситуација да појде и да му тропне на некој од љубовџиите и да побара да ја завршат побрзо работата за да не се прават редови од чекачи и за да не кружат по неасфалтираните патчиња и да си ги кршат колите. ,,По некогаш, вели тој, принудени сме да паркираме на места каде што постои ризик од заглавување или од евентуално пропаѓање во каналот. Честопати во обидот да пронајдеме место трошиме многу гориво, вртејќи по неколкупати наоколу со надеж дека ќе се ослободи некое место, и на крај сме принудени да бараме место на сосема други локации", раскажува средовечниот битолчанец, кој сака да остане анонимен бидејќи, како што самиот вели, има совршен брак и прекрасни деца, но дека излетите од бракот и авантурите со помлади девојки му даваат голема енергија и волја за работа. ,,На тој начин си ги полнам батериите. Наредниот ден по секоја авантура сум исполнет со живот, со радост и со желба за работа. Се чувствувам како нов", вели нашиот анонимен соговорник, кој се присети на една интересна случка. "Една вечер, зад мојот автомобил се паркира лада. Ние речиси бевме при крај, но, за да не ги прекинуваме одлучивме да причекаме. Чекавме, чекавме, ама тие многу ја издолжија работата. Одлучив да им сигнализирам со штоповите, но ништо од тоа. Потоа го стартував моторот, но и од тоа ништо. На крајот, одлучив да излезам од автомобилот и да го замолам да ме одблокира, иако се плашев да не бидам препознат. Си ставив капа и наочари и му тропнав на стаклото. Го подотвори прозорецот и ме слушна што му реков. Но, возилото не му палеше и покрај тоа што подолго време упорно верглаше. Кога конечно сфати дека нема шанси да го запали, излезе за да го турка, но не можеше да го помрдни од местото ни за сантиметар. На помош му дојде партнерката, но ни заедно не можеа да го поттурнат возилото. Видов-невидов им се придружив и јас. Но, ни мојата помош не беше доволна, па ја повикав и партнерката. Четворицата едвај успеавме да го истуркаме возилото кон надолнината и да се деблокираме. Потоа партнерката ми рече дека ете и се случи и тоа - заедно да туркаат возило со колешка со која со години не сакаат да се видат. И двете се во брак, но и двете си прават излети", ја завршува својата приказна нашиот соговорник.
Битолските полицајци кои патролираат околу локалитетот Хераклеа раскажуваат еден куп интересни случки со битолските љубовџии. "Многу често наидуваме на познати луѓе и гледаме некако да ја извадиме незгоната ситуација", велат полицајците. Еден од нив вели дека во близината на Сива вода, при редовна контрола, сопатничката во автомобилот кој што го застанал за контрола во почетокот упорно одбивала да се легитимира за да не биде препозната. Но, по упорното инсистирање на полицаецот, таа срамежливо му соопштила дека е, како што самата рекла, ,,службено лице", но не на должност, туку во недозволена прошетка. Откако полицаецот сфатил дека госпоѓата му е колешка, и откако во темнината сепак ја препознал, се повлекол. ,,Во една прилика, се разбира сосема случјно, забележав дека кон местото за тие работи, каде што веќе замина една швалерска двојка, која што мене ми беше многу добро позната, сакаше да се упати друга двојка. Но, се сетив дека ќе се случи невидена драма бидејќи втората швалерска двојка беа всушност мажот на жената и жената на мажот од претходната двојка која заминаа во тој правец. За да спречам разводи, второто возило го застанав и на возачот му реков да не оди во тој правец бидејќи натаму има заглавено шлепер. Така, спречив еден голем срам и брука. Ќе се најдеа мажите со сопругите и сопругите со своите мажи, но во различни коли", вели нашиот соговорник.
Во месноста Сива вода, на сите ширинки и патчиња врие од заштитни средства, кондоми, од употребени хигиенски марамчиња, долна облека, маици и гаќи, и што ли уште не. ,,Има се и сешто", вели чичко Киро, поранешен артилерец. "Често поминувам овде. Се шетам со други пензионери по овие предели и да ти кажам, што се немам видено. Резили. Среде бел ден си ги вадат очите, без срам и перде, секој си ја работи својата работа. Има и гнасни слики. Млади чупиња си ги вадат очите за пари со постари од мене. Бруки. Цела среќа што ние постарите сме глуви или послабо слушаме, па не ни пречат и не не вознемируваат и возбудуваат стенкањата и офкањата, на бела виделина, одма до патот. Тоа ти е. Си бркаат работа", вели чичко Киро.
,,Секс на екс, со дурекс", додава друг пензионер. Барем знаат да се чуваат, оти како што се раширени заразниве болести, тешко на цел народ. Мачките и кучките се парат во одредени периоди од годината. И сите други животни имаат периоди и мерка. Овој народ, синко, секој ден само тоа работи. Се отепаа, секој ден", раскажува наглувиот старец.
Настанот со докторот Мавадат не е единствен во Битола. Не многу одамна во љубовен занес со млада битолчанка почина и еден грчки државјанин, за кој се зборуваше дека добил инфаркт поради голема возбуда по употреба на вијагра.
Методија Павлевски

***

Не само месноста ,,Сива вода" е скришно место за тајни средби. Во Битола има многу такви секс-локации, зад Градскиот стадион под Тумбе-кафе, кај тунелот на магистралниот пат Битола-Прилеп и неколку километри подолу, кај селото Раштани, кај напуштената железничка станица "Даме Груев" и на други места во околината на Битола. Локациите за таа намена кон потпелистерските села биле и се уште се во честа употреба, но, сепак, по се изгледа најомиленото место на љубовните двојки им е локацијата кај тунелот бидејќи оттаму, се гледа цела Битола, како на дланка, што веројатно им го зголемува уживањето. Во последно време споменатите секс-локации ги користат и голем број грчки државјани кои секс-услугите, со многу помлади девојки, многу скапо ги плаќаат. Таа појава, од ден-на ден зема се поголем замав, со оглед на нискиот стандард на битолчани.

***

Починала во прегратка на момче

Стумичанка пред неколку години починала во моментот кога се обидела да води љубов со млад струмичанец. Тоа се случило сред бел дена. Додека никој немало во куќата таа го повикала момчето кај неа. Малку помуабетеле и струмичанката му предложила секс. Но во моментот кога почнале да се соблекуваат слушнала дека некој иде по скалите. Од страв да не биде откриена нејзиното неверство и да не пукне брука жената починала. Подоцна било утврдено дека таа починала од инфаркт.

***

Умреле додека воделе љубов

Директор на една скопска фирма пред неколку години починал во околината на Скопје додека водел љубов со неговата пријателка на ливада. Тој ненадејно добил срцев удар и моментно починал, врз телото на пријателката. Отакако таа успеала да се измолкне од под него случајот го пријавила во полиција, по што била притворена. Неколку дена подоцна откако обдукцијата покажала дека тој починал од инфаркт несреќната скопјанка била поштена, а случајот бил регистриран како несреќен настан.
Слична смрт доживеал и друг скопјанец во скопската населба "Аеродром". Додека бил заедно со неговата пријателка во неговиот автомобил паркиран на една од скопските улици, тој ненадејно починал. Избезумена неговата пријателка излегла од автомобилот и почнала да бара помош од возачите и минувачите кои се затекнале во тој момент на улицата.

***

Го убила неверниот сопруг

Гостиварчанка пред неколку години во својот дом го уби нејзиниот сопруг. Тие биле во брак неколку години и имале дете. по неколкугодишно заедничко живеење гостиварецот отишол на привремена работа во странство. Таму запознал друга жена со која дошол во Гостивар на одмор. Кога неговата жена ја видела другата жена на која тој и посветувал големо внимание, револтирана таа отишла во другата соба ја зела автоматската пушка ја сокрила под мантилот по што повторно влегла во собата каде Што било собрано целото семејство. Ја репетирала пушката и почнала неконтролирано да пука при Што со еден од испуканите куршуми го убила неверниот сопруг.